Строл задоволен од Леклер: Ќе го честам пиво

Трката на Шарл Леклер заврши во првиот круг во Мелбурн по контактот со Ленс Строл кој го заглви во песокот крај патеката, а по трката, моначанецот изјави дека возачот на Астон Мартин не е виновен, затоа што бил вообичаен тркачки инцидент.

Строл е задоволен од ваквиот начин на размислување на Леклер и изјави дека ќе го чести моначанецот пиво на следната трка.

Шарл се обидуваше да мине од надворешниот дел на 3та кривина, но имаше контакт со Строл кој беше во сендвич помеѓу него и Фернандо Алонсо и нивната борба за позиција.

убаво е што кажал дека не сум виновен затоа што е така, ќе го честам пиво – беше првата реакција на ленс.

Канаѓанецот потоа призна дека инцидентот бил многу лош по возачот на Ферари.

искрено беше нормален тркачки инцидент од првиот круг. патеката е доста тестна и во приодот кон 3та кривина кочев во сендвич помеѓу него и фернандо, не мрднав, не направив ништо, влегов во сендвич помеѓу нив двајцата и имав контакт со ферари. леклер ја заврши трката, а јас имав голема среќа што немав никаква штета – објасни строл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ