Строл: Мајами повеќе ќе ни одговара од Баку

Ленс Строл очекува на Астон Мартин повеќе да им одговара патеката во Мајами одошто онаа во Баку каде се тркаа минатата недела.

Астон Мартин беа подготвени за губиток на перформанси низ Баку, но тимот од Силверстон имаше и дополнителни проблеми со ДРС проблемот кој го имаа. Така, серијата од три подиуми на Алонсо заврши откако тој финишираше на 4то место, додека Строл беше 7ми со половина минута заостаток зад колегата.

Сепак, Строл е убеден дека карактеристиките на патеката во Мајами ќе одговараат многу повеќе на АМР23 пакетот.

мислам дека баку беше една од најтешките патеки за нас. доаѓајќи на трката и гледајќи ја патеката со многу долгиот правец, знаевме дека нема да бидеме многу силни на истиот, но овдеа се чини дека повеќе ќе ни одговарат карактеристиките – посочи ленс.

Во Баку проблем за Астон беше отпорот на болидот, но перформансите се подобруваа како што викендот одминуваше. Тркачкиот ритам на Нандо беше импресивен и тоа го донесе во конкуренција за последното место од подиумот, но ја загуби таа борба од Леклер.

Строл е убеден дека константното подобрување на перформансите низ викендот е охрабрувчки сигнал за трките во иднина.

почнавме лошо во баку, знаете, квалификациите во петок не беа добри. но, продолживме силно и бевме добри на трка, успеаве да ги предизвикаме ферари и мерцедес.

имавме подобар ритам во недела одошто на почетокот од викендот што мислам дека беше одлично и успеавме да стигнеме до силни поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ