Строл нема корона, но не може да стане од шоља

Шефот на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер, откри дека Ленс Строл морал да ја пропушти утринската тренинг сесија во Сабота на Ајфелското Гранд При поради тоа што не можел да стане од шоља.

Младиот канаѓанец се почувствувал лошо утрото и му кажал на тимот дека нема да може да вози. Шафнауер откри дека возачот се жалел уште во Русија, а во Германија неговиот стомак бил уште полошо. Болидот на Ленс остана во гаража за време на утринската сесија во Сабота, а на квалификациите беше возен од Нико Хулкенберг.

Отмар потенцираше дека и покрај тоа што не му е добро, Строл бил негативен на КОВИД-19.

не се чувствува добро од русија, мислам дека има некоја силна настинка. неколку пати го тестиравме за корона вирус, беше тестиран и пред настанот, но сите три – четири тестови му се негативни и нема класични ковид-19 симптоми, едноставно не се чувствува добро.

во петок навечер имаше толку вознемирен стомак што не можеше да стане од шоља цела вечер, загуби многу течност и немаше сила да прави ништо. не знам дали е од нешто што јадел или не, но само кажа дека не може да вози и подобро е да одмара и да се излечи затоа што ни следуваат врзани трки.

се надеваме дека што поскоро ќе оздрави, има симптоми како некое труење, не е добар, не можеше да тренира и нашиот доктор константно е со него – откри шафнауер.

Шефот на екипата откри дека конечната одлука за Ленс да не вози била донесена буквално пред почетокот на утринската сесија, период во кој Нико Хулкенберг не бил на патеката.

триесет минути пред т3 сеуште имаше надеж дека ќе може да вози, но потоа сфати дека ако се појави на квалификациите ќе мора да се трка, а немаше сила за такво нешто и реши да одмара. се надеваше дека ќе може да стане од шоља и да дојде, но 30 минути пред сесијаа сфати дека тоа е невозможно, во спротивно немаше да го повикаме хулкенберг.

За наша среќа Нико беше во Келн и планираше да дојде на патеката како дел од телевизиската еикипа на РТЛ.

ионака мораше да дојде на патеката и да одработи за ртл, знам затоа што сум во контакто со него. знаев дека не е далеку, му се јавив и го прашав дали може да дојде.

тоа што го побаравме од него беше премногу и мораме да му се заблагодариме што извозе во рамки на правилото од 107%, тоа беше наша цел за да може да се трка. има добар болид за трка под себе, извозе само неколку кругови со него и ако добро стартува има шанса за поени.

направивме некои промени на болидот во однос на оној што последно го возеше и поради тоа беше изненаден и имаше различно чувство. мора да се навикне, но беше среќен и задоволен од балансот. ако не сте навикнати на новините кои ги донесовме во последно време, дефинитивно ќе бидете побавен од претходно.

Шафнауер дополни дека доколку Хулкенберг не бил во можност да вози, тогаш ќе бил повикан Стофел Вандорн, резервистот на Мерцедес.

стофел беше во падокот, имаше негативен ковид-19 тест и беше подготвен да вози. но, за нико имаме веќе подготвено седуште и знаеме точно каде ги сака педалите. не мораме ништо дамериме и да трошиме време на тоа и беше полесно да одиме со нико одошто со стофел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ