Строл не се појави на утринската сесија поради болест, Хулк на готовс

Ленс Строл, возачот на Рејсинг Поинт, не се појави на денешната утринска сесија во пресрет на квалификациите за Ајфелското Гранд При, а екипата веќе работи на проценка на неговата состојба и можност да вози на квалификациите.

Утринската сесија е единствена во пресрет на квалификациите и трката поради тоа што дождот и маглата вчера не создадоа услови за возење.

ленс строл не се чувствува добро утрово и поради тоа нема да учествува на утринската сесија. неговата состојба се проценува и по сесијата ќе одлучиме дали ќе биде во можност да вози и ќе ги потврдиме плановите за квалификациите – гласи соопштението на рејсинг поинт.

Нико Хулкенберг го замени Серхио Перез на Силверстон оваа сезона откако Чеко имаше позитивен КОВИД-19 тест, така што тој е официјален резервен возач на тимот. Но, германецот не е присутен на Нирбургринг, иако живее во Келн, доста блиску до патеката и може да пристигне на квалификациите, но секако за да вози ќе му биде потребен негативен корона вирус тест.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ