Строл Сениор: Ленс и Фернандо ќе бидат рамноправни до крајот на годината

Сопственикот на Астон Мартин, Лоренс Строл, се надева дека ќе ги види Ленс и Фернандо Алонсо на подиумот на неговата домашна трка за Големата Награда на Канада во Формула 1 во Монтреал овој викенд и покрај доминацијата на Ред Бул, верувајќи дека неговиот син ќе биде на нивото на шпанскиот ветеран подоцна во сезоната.

Ред Бул ги освои сите седум трки досега оваа сезона, при што двојниот светски шампион и минатогодишен победник на ГП на Канада, Макс Верстапен, освои пет, а мексиканецот Серхио Перез две.

Алонсо се искачи на подиумот пет пати во 2023 година, но Строл, кој ја започна сезоната со скршеници на зглобовите по несреќа на велосипед, го победи во Барселона пред две недели.

Пред неговиот домашен Гранд При викенд, Строл Сениор, говорејќи на водечкиот настан на Астон Мартин во Њујорк, изјави за Ројтерс дека целта била да се види канадски возач на подиумот во Монтреал за прв пат откако Жак Вилнев заврши на второто место во 1996 година.

Токму тоа се плановите. Јас сум исклучително самоуверен. Се надеваме дека ќе имаме два болида на подиумот.

Верувам дека болидот ќе биде многу силен околу патеката во Монтреал, добро му одговара на нашиот болид… така што навистина се радувам да се вратам дома и навистина се радувам на одлична трка.

Верувам дека Ленс и Фернандо ќе се изедначат до крајот на годината – изјави Строл.

Мерцедес скокна пред Астон Мартин, кој ги користи нивните мотори, на второто место во генералниот пласман по Шпанското ГП каде Строл и Алонсо се пласираа шести и седми и се бореа со поголемо трошење на гумите од очекуваното.

Лоренс Строл вели дека Астон Мартин ги разбира нивните недостатоци од патеката Каталуња:

Верувам дека донесуваме решенија за тие проблеми и ќе имаме некои надградби во Канада.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ