Строл смета дека пласман на подиумот во Канада е возможен

Возачот на Астон Мартин, Ленс Строл, беше најмногу критикуван поради прелесно добивање на возачко место во Формула 1.

Викендов во Канада, Строл ќе се обиде да се качи на подиумот ва својата домашна трка.

Што се однесува до синот на Лоренс Строл, пласман на подиумот во Канада не е на одмет.

Ако собереме сè и имаме добро темпо, тоа е можно. Ако Мерцедес повторно го направи она што го направија, а Ферари и Ред Бул го направат тоа што го направија, ќе биде тешко.

Затоа дефинитивно треба да работиме на некои работи и да дојдеме посилни – изјави Строл.

Подиум во Канада?

Со модификациите што ги направи Мерцедес, тешко е да се каже дали Астон Мартин, а конкретно Ленс Строл, имаат шанси за пласман на подиумот во Канада.

Неодамна обновениот Мерцедес заврши на второто и третото место со Луис Хамилтон и Џорџ Расел на трката без безбедносно возило во Шпанија, откако стартуваа на четвртото и 12тото место.

Во битката за шампионската титула во конструктори, Астон Мартин заостанува 18 бода зад Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ