Строл разочаран, но среќно завршил во поени

Ленс Строл признава дека му било скршено срцето кога помислил дека неговото минување низ чакал при доцното рестартирање во Австралиското Гранд При го чинело силна позиција во поени.

Строл беше седми во првиот свиок на хаотичниот втор рестарт, но скокна на третото место откако Карлос Саинз го изврте Фернандо Алонсо и двата болиди на Алпин меѓусебно се елминитираа. Сепак, тој изгуби одреден моментум со брзо пренасочување излегувајќи од свиокот 2, давајќи му можност на Саинз да го претекне кон свиокот 3 на потесната внатрешна линија, по што Строл помина низ чакалот.

Канаѓанецот сметал дека го испуштил третото место и секоја шанса за поени, но трката повторно доби црвено знаме поради повеќекратните инциденти. Откако се врати во боксот на задниот дел од гридот, Строл дозна дека ФИА одлучила да се врати на првобитниот редослед на гридот за последниот круг зад безбедносното возило.

По откажувањето на Гасли и Окон и казната за Саинз, тоа му го гарантираше четвртото место на крајот.

Имав прилично скршено срце во свиокот број 3 со неколку круга до крајот. Се бранев од Карлос и мислев дека го загубив подиумот. Ќе беше тешко да се спие со тоа вечерта – се присети строл.

Запрашан дали некогаш доживеал таков тобоган од емоции, тој рече:

Не, не со тоа ниво на тага, разочарување, за потоа конечно да ја минам целта многу среќен од резултатот.

Како и другите возачи, Строл истакна дека ладните гуми го отежнуваат повторното стартување.

Да, навистина е тешко. Мислам дека гумите беа мраз ладни.

Кон свиокот број 3 се бранев од Карлос кој беше зад мене, а потоа бев на валканиот дел од патеката. Штом ја допрев сопирачката, предниот десен дел само почна да се блокира и немаше забавување на болидот.

Имав среќа дури и да се вратам, да бидам искрен, затоа што видовте во саботата како Чеко заглави таму. Имав среќа да го вратам болидот, навистина.

Во првиот круг од првичниот старт, Строл имаше контакт со Леклер, чија трка заврши во чакал, но возачот на Ферари не го обвини својот канадски ривал за инцидентот.

Тоа беше убаво од него, ќе го честам пиво вечерва – рече Строл на прашањето на Motorsport.com за инцидентот.

Мислам дека искрено беше тркачки инцидент. Стана толку тесно, оваа патека е тесна. Влегувајќи во свиокот број 3, сопирав меѓу Шарл и Фернандо. Не се мрднав, а потоа некако ме заглавија. И тогаш имавме контакт. Беше несреќно за него и за мене среќа што немав штета.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ