Строл со храбра желба во Шпанија

Ленс Строл призна дека сакал да се искачи на подиум откако го престигнал Хамилтон во првиот круг.

Стартувајќи од петта позиција на гридот и по престигнувањето на оштетениот Норис во првиот круг, се протна покрај Хамилтон за да биде на трета позиција.

Тој се задржа на таа позиција осум кругови се додека не беше престигнат од Хамилтон пак во истиот свиок и заврши на шеста позиција зад двата Мерцедеса и Перез.

Ова беше прв пат тој да биде пред колегата Фернандо Алонсо и тој објасни дека имал голема надеж за трката во првите кругови.

Мислев дека е можно да бидам на трета позиција но немав брзина иако правев се што е можно да се борам. Го престигнав Хамилтон од надвор и мислев дека имам предност но всушност Луис ми направил простор. Тоа ме стави во добра позиција. Се справив со разликата со Карлос и одев напред пред Луис но гумите почнаа да ми се трошат додека Мерцедес форсираше. Треба да работиме на некои делови и да се вратиме посилни.

Ова е прв пат Строл да биде подобар од Алонсо во текот на викендот. Алонсо беше близу зад Строл но не доби дозвола да престасува.

Имаме почит како колеги за да освоиме што е можно повеќе поени. Во такви ситуации инцидент може да не тргне од поени. Момците во фабриката работеа напорно и заслужија поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ