Сударот на Жу бил со двојно поголема сила од тестовите на ФИА

Алфа Ромео објавија податоци од излетувањето на Жу Гуанју во Британија и тие покажуваат дека рол структурата претрпела двојно повеќе сила од барањата при тестовите кои ги спроведува ФИА. 

Кинезот избегна повреди по тешкото излетување на стартот на Силверстон каде се превртуваше неколку пати на патеката пред да заврши зад бариерите. Гуанју немаше повреди, но клучно во истрагата на ФИА беше првиот удар на рол структурата. Алфа Ромео користат единствено решение за кое се покажа дека може да претрпи сила од двојно повеќе од бараното од ФИА. 

Барањата на ФИА се таа да претрпи 60 kW латерален притисок, 70 kW лонгитудинален и 105 kN вертикален притисок. 

Истрагата сеуште трае и ги споделуваме податоците со ФИА. Структурата претрпе 2 пати поголем присиок од барањата на краш тестот.

Не знам дали го видовте асфалтот дека е ископан. Не е важно нивото на краш тестот, но секогаш може да се најде нешто повеќе.

Треба ние заедно со ФИА да ја зголемиме безбедноста. На крајот на денот, среќни сме што во таков голем судар и ништо не се случи. Не би сакал да замислам што би можело да се случи доколку не го изгасневме болидот и среќа немавме течење на гориво или слично – откри фредерик васур, шефот на екипата. 

Францускиот потенцираше дека е импресиониран од возачот кој веќе го сменил фокусот и мисли на наредната трка. 

Тој се врати во гаражата по прегледите како ништо да не се случило. првото прашање беше за резервни делови бидејќи во Австрија ни е следната трка. Мислам дека треба да се заблагодариме на ФИА и морам да признаам иако не бев фан на халото дека сум погрешил. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ