Сурер: Мерцедес нема да го замени лојалниот Ботас

Валтери Ботас не мора да се грижи дали ќе биде без возачко место следната сезона откако поранешниот возач, Марк Сурер, е убеден дека тимот нема да го замени “лојалниот“ и “добар“ втор возач.

Финецот имаше нов тимски колега викендов на Шакир со Џорџ Расел откако Луис Хамилтон беше тестиран позитивен за Корона вирусот. Пред викендот, јасно тврдејќи дека ова не е борба за возачкото место, Ботас загуби во првите две тренинг сесии. Во трката започна пред Расел, но на крајот ја загуби таа битка повеќе пати, по што британецот мораше да влезе во бокс 4 пати, споредено со 2 на Ботас.

Тоа доведе до шпекулации дека Мерцедес можеби се запрашуваат околу тандемот во 2021 година, сакајќи го Расел наместо Ботас. Сурер смета дека тоа не е случајот.

Перформансите на Расел беа очекувани и не беа изненадување. Ако погледнете кон неговата кариера во Формула 3 и Формула 2, а дури и во Вилијамс, тој го покажува својот талент. Сега, во најдобриот болид, тој докажа дека е супер талент.

Но, мислам дека Мерцедес не се таков тим кој ќе отпуштат возач. Ботас изгуби самодоверба по Турција каде имаше многу лоша трка, а на двата викенда во Бахреин, тој не е при себе. Постојано правеше грешки, лоши перформанси од него.

Ги познавам Мерцедес, не верувам дека ќе отпуштат возач само бидејќи има слаб период, бидејќи знаат дека тој е лојален, добар втор возач за Луис Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ