Тед Кравиц: Себ може да го замени Хелмут Марко

Аналитичарот и коменатор на британски Скај, Тед Кравиц, посочи дека Себастијан Фетел е најсериозен кандидат да го замени Доктор Хелмут Марко во Ред Бул во иднина.

Себ се повлече од Формула 1 тркањето по крајот на минатата сезона по две години минати во Астон Мартин, дојде од Скудерија Ферари каде не го испорача тоа што се очекуваше од него, но најуспешен беше во времето во Ред Бул каде освои четири последователни титули со екипата.

Кравиц верува дека Себ наскоро ќе се врати во падокот, уште оваа година и е сигурен дека тој веќе го оставил возењето и тркањето зад себе.

може да бидеме сведоци на изненадувачко враќање во падокот од страна на себастијан фетел уште годинава, но не кков возач. вистински верувам дека тој е решен да не се враќа, а тој е човек со интегритет, знаеме какв е и нема да се реши пак да се врати во кокпитот – смета кравиц.

Претходно самиот Себ посочи дека нема ништо против да се врати само на една трка на неговата омилена Сузука, но Тед смета дека поверојатно е тој да се врати во Ред Бул, но во менаџерска позиција, на местото на доктор Хелмут Марко кого веќе го стигнуваат годините.

Искусниот австриец е задолжен за програмата за млади возачи на компанијата и одговорен за влез на многумина во спортот, Верстапен, Рикардо и Фетел помеѓу плејадата.

Се споменува и името на Себ како можен дел од новиот тим на Ауди кои ќе дојде на гридот од 2026 година, но Кравиц повеќе верува во Ред Бул.

можност се и ауди, но поверојатно дека ќе се врати во ред бул. мислм дека ќе го замени хелмут мако како советник за моторспорт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ