Температурата на сопирачките го загрижила Хамилтон

Луис Хамилтон вели дека бил загрижен поради екстремно високите температури на неговите предни сопирачки при вториот рестарт од место на Тосканското Гранд При.

Како што се наредија болидите на вториот стоечки старт на Муџело, чад почна да се појавува од предните сопирачки на британецот. Тој потврди дека тоа било поради неговите напори да ги доведе до идентична температура, што придонело да се загреат.

Во суштина, при формацискиот круг, имаше разлика помеѓу температурата во моите предни сопирачки од околу 200 степени. Притискав многу силно да ги изедначам. Успеав да ја кренам температурата до 1.000 степени и обидов да ги изладам во последниот свиок се до старт линијата.

Стигнав до гридот и почна да излегува чад и дефинитивно бев загрижен. Мислам дека видов и пламен во еден момент, што не е добро, бидејќи ја гори внатрешноста од елементот.

За среќа, по стартот, тргнав релативно брзо и немав проблеми по тој момент, Но дефинитивно беше на лимитот – откри актуелниот шампион.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ