Тешката година го мотивирала Луис да остане

Луис Хамилтон откри дека тешката фаза низ која минува со Мерцедес сезонава во Формула 1 ја зголемиле неговата мотивација и го натерале да остане во спортот.

Откако ја загуби ланската титула по жестоката борба против Макс Верстапен и Ред Бул и тоа се случи во последниот круг од последната трка, британецот го снема од јавниот живот. Но, целосната промена на правилата за оваа година донесоа ресетирање на правилата, а Мерцедес промашиај со својот дизајн без странични делови, така што имаа проблеми, особено при почетокот на сезоната.

Рекорд од 8 титули, барем сезонава, е недостижна за Хамилтон, така што 37-годишникот призна дека тоа е неговата цел.

мислам дека ако победевме лани, ќе победевме и годинава и ќе имав многу различен мотив одошто во моментов. ми се допаѓа што минувам низ тешка фаза од која треба тимски да излеземе, да видиме каде сме слаби, каде да се подобриме и тоа само ми даде мотив да се подобрам и да останам подолго во спортот.

дополнително, се чувствувам подготвено физички, ментално сум константно силен како и секогаш, а тоа за нас спортистите е многу важно. сакам да сум сигурен дека заслужувам место во спортот заработено со работа – посочи британецот.

Од своето деби со Мекларен во 2007 година, тој никогаш немал сезона без победи, но иако Мерцедес константно се подобруваат, годинава тешко дека ќе триумфираат, освен ако не се случи некоја непредвидена луда трка.

не би рекол дека боли тоа што прв пат во 15 години имам сезона без победа затоа што сите знаеме дека тоа е лесно да се случи. сакаме да сме во комбинација а титула, посакувам сите болиди да сме многу поблиску едени до други, сакав да не делат десетинки, но не е така, таков е овој спорт. тоа не е нешто кое може да се контролира во моментов и поради тоа јас се фокусирам само на тоа што јас можам да го направам, само на моето возење и испорачување колку што може повеќе работа.

јас сум загрижен, размислувам и не спијан добро ноќеска затоа што аналиирам што сме можеле подобро, каде да се подобриме, како да го поддржам боно повеќе, како да го поддржам инеженрот за перформанси и целиот тим.

во аеродинамичкиот оддел, размислувам како д ги поддржам за да имаме подобри шанси со следниот болид. кога ќе го оштетам болидот, размислувам само на штетата што ја правам во поправка наместо развој. тоа е реално мојот фокус и се надевам дека ќе се вратиме во февруари многу посилни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ