Тимовите ќе го проценуваат ризикот од тркање во Кина

На состанок на Стратегиската група во Среда, екипите ќе направат проценка за евентуално откажување на Големата награда на Кина која треба да се вози во Април поради корона вирусот.

Светската здравствена организација прогласи глобална опасност минатата недела додека авионските компании ги откажуваа своит елетови кон Кина и земјата на некој начин остана изолирана. Ситуацијата донесе до одкажување на Санја Е-При Формула Е трката која требаше да се одржи на 21 Март.

Формула 1 веќе некое време будно ја следи ситуацијата, но епидемијата силно напредува така што не се исклучува можноста да се откаже трката која е закажана за првиот дел од сезоната.

Говорејќи на настан организиран од Ред Бул во Лондон, Кристијан Хорнер откри дека ќе биде користен темелен пристап пред да биде донесена одлука.

фиа е регулатор, либерти е промотер, тоа е јасно. тие се одговорни за здравјето и добросостојбата не само на возачите во формула 1 туку и на персоналот и сите кои се на некој начин дел од формула 1.

сигурен сум дека ќе направам темелна анализа пред да донесат било каква одлука, без разлика дали таа ќе биде да се одржи или одложи трката така што мораме да им веруваме на нивното знаење.

го следиме развојот на настаните, ќе бидеме присутни на состанокот во среда и се надевам дека потоа ќе имаме повеќе – изјави хорнер.

Макс Верстапен смета дека сеуште е рано да се размислува за откажување на трката.

во моментов не изгледа добро, но има уште многу време и поради тоа не сум загрижен. како што рече кристијан, чекаме одлука и ќе видиме што ќе се случи. не сум загрижен.

Медиумите шпекулираат дека трката во Шангај може да го замени местото со Сочи кој годинава ќе се вози на крајот на Септември за да календарот остане со 22 трки годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ