Тод прими награда во име на Шумахер и откри дека гледа трки со него

Поранешниот шеф на ФИА и прв човек на Ферари, французинот Жан Тод, откако ја прими државната награда на Северна Рајна Вестфалија во име на Михаел Шумахер, откри дека сеуште гледа трки заедно со поранешниот седукратен шампион.

Државната награда на Северна Рајна Вестфалија е највисока награда која може да ја прими граѓанин на тој регион за посебни достигнувања. Церемонијата се одржа во Келн на шест километри од родното место на Михаел и Ралф Шумахер. Синот на Михаел, Формула 1 возачот Мик, бил болен и не можел да присуствува на церемонијата.

По одржаниот говор, наградата му беше дадена на Тод кој е близок пријател на семејстовото Шумахер.

Не ми недостасува бидејќи го гледам. Навистинам гледаме трки заедно со Михаел, Но сигурно не е како порано.

Ова беше доста емоционално и со голема гордост зборував за Михаел. Имаше доста посебни луѓе, Корина, Мик и Џина се посебни за мене. Тука беше и моето семејство.

Корина е доста стабилна и скромна, а ова се тешки времиња за неа. Понекогаш успехот и парите те менуваат, Но Михаел не се промени,.Остана силен и Продолжи да се бориш Михаел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ