Тод откри како го одбил Сена за место во Ферари

Поранешниот шеф на Ферари, а сегашен Претседател на ФИА, французинот Жан Тод, откри како го одбил Аиртон Сена кој сакал да дојде во Ферари и да вози за тимот во 1994 година.

Исто како и секој возач на гридот, Аиртон имал сон еден ден да вози за Ферари, но за жал тоа никогаш не му се оствари. Тогашниот трикратен првак, во 1993 година заврши зад својот огромен конкурент Алан Прост и најавил желба да вози за “галопирачкото коњче“.

Тод во тој период беше шеф на Скудерија, а во своето скорешно интервју за beIN Sports објасни дека не можеле да го донесат бразилецот во 1994 година затоа што под договор ги имале Жан Алези и Герхард Бергер.

неколку недели откако дојдов во ферари се сретнав со аиртон за време на италијанското гранд при во монца во хотелот на езерото комо кадешто бевме сместени.

му понудив да дојде во ферари во 1995 година, но тој притискаше тоа да се случи една година претходно, односно во 1994. веќе имавме двајца возачи под договор за таа година, жан алези и герхард бергер, така што не можевме да излеземе во пресрет на неговото барање. кога тој праша зошто, јас детално му објаснив.

но, тој не се откажа и ме убедуваше дека договорите во формула 1 не се важни, но јас му одговорив дека ние ги почтуваме договорите. му понудивме да вози за нас во 1995 година, но за жал тоа никогаш не се случи.

сакавме врвен возач затоа што кога дојдов во ферари, луѓето кои беа главни за шасијата ми кажаа дека не победуваме поради моторот, за другите проблемот беше шасијата, а често велеа дека и возачите ни се маката. си реков дека во сите тие работи постои варијабла која можевме да ја елминираме на начин што ќе го земеме најдобриот возач во светот или пак оној кој е веќе шампион, така што тој недостаток ќе биде елминиран.

ако го имавме сена, никој не можеше да посочи со прст кон возачот и поради тоа го земавме михаел потоа – откри тод.

Французинот исто така се присети кога му велеле никогаш да не доаѓа во Ферари затоа што треба многу работа и предизвикот е преголем да се вратат титулите во Маранело. Иако процесот за тоа бил долг, сепак тој го направи Ферари еден од најдоминантните тимови во историјата.

сите ми велеа да не одам во ферари затоа што таму е мисијата да се успее невозможна, но тоа ми даде мотив да успеам. не велам дека беше лесно, дојдов во ферари на 1 јули 1993 година, а ја освоивме првата констукторска титула во 1999 година, така што мина доста време. следната година ја освоивме и првата возачка титула со михаел.

пред тие постигнувања многу пати мислев дека оние кои велеа да не одам во маранело беа во право.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ