Тод сака болиди кои може да се тркаат на дожд

Претседателот на ФИА, французинот Жан Тод, смета дека следната генерација Формула 1 болиди кои ќе се тркаат од 2022 година, мора да бидат дизајнирани на начин да овозможуваат трка и при дождливо време.

Белгиското Гранд При кое се одржа минатиот месец, мораше да биде откажано по само два круга позади безбедносното возило поради тоа што видливоста беше очајно лоша и ризикот преголем за трка. Огромната потисна сила која ја произведуваат болидите надополнета со пошироките гуми значи дека при мокра патека се распрскува огромно количество вода, така што видливоста е очајно лоша.

Тод смета дека тоа треба да се реши во иднина и дека следните правила мора да го решат итој проблем.

многумина го критикува она што се случи во спа каде немаше трка, но што ќе беше ако по стартот имаше карамбол од 10 болиди и патем имаше некој повреден или нешто полошо. ќе бевме буквално масакрирани, дури и ако немаше повредени, ќе бевме жестоко критикувани.

за следните правила мораме да размислиме како да ги констриураме болидите за да може да возат и на такво време. ники лауда на фиџи во 1976 година беше единствен кој се откажа од тркање на тој настан, но денеска сите возачи би го направиле тоа.

Најголема контроверзија од Белгиското Гранд При не беше недостатокот на трка туку фактот што се доделија половина од поените и покрај тоа што се извозеа само два кругови зад безбедносно возило.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ