Топ листа: Најлоши платени возачи

Влезот во Формула 1 е далеку од лесна работа. За тоа на еден возач му треба талент, неколку шампионски титули во јуниорските серии и секако спонзори кои ќе го поддржат. Но, недостатокот од талент некогаш може да биде надоместен со многу посилни спонзори. Не е погрешно да бидете платен возач во Формула 1, но за да останете во таа тркачка серија дефинитивно ќе ви треба и знаење. Во продолжение некои од најлошите Формула 1 возачи кои платиле за своето место:

Алекс Јонг

Малезиецот Алекс Јонг немаше голем успех во јунорските Формула 3, Формула 3000 и Формула Нипон каде возеше пред да влезе во Формула 1, иако е значаен по тоа што е првиот возач од Малезија кој се тркал во Формула 1. Дебитираше во 2001 година во Монца за Минарди благодарение на богатите спонзори од дражвната компанија Магнум Корпорејшн, а колега му беше Фернандо Алонсо.

Сезоната ја заврши со 2 незавршени трки и 16то место како најдобар пласман. За следната 2002 година тимски колега му беше Марк Вебер од кого губеше на квалификации на секоја трка од каледнарот. На крајот на таа сезона, Пол Стодарт го отпушти возачот од тимот и се закани дека ќе тужи за неисплатен спонзорски договор од 1,5 милиони долари. Таа година Јонг имаше најдобар финиш на 7мо место, две позиции зад Вебер на хаотичното отварање на сезоната во Австралија. Одтогаш заврши само на 4 трки, а не се ни квалификуваше во 3 наврати. Во моментов тој работи како стручен коментатор.

Јуџи Иде

Иде е еден од најстарите дебитанти во Формула 1 затоа што прв пат се појави на гридот во сезоната 2006 кога имаше 31 година.  Многумина сметаа дека местото на Јуџи во Супер Агури беше само затоа што челниците на екипата сакаа се-јапонски Формула 1 тим. Беше константно побавен од Такума Сато.

Во Австралија доби казна поради блокирање на Рубенс Баричело на квалификациите,  а на трката се изврте многу пати. Во Имола се судри во првиот круг со Кристијан Алберс по што ФИА реши да му ја одземе Супер лиценцата.

Чаноч Нисани

Израелскиот бизнисмен Чаноч Нисани одсекогаш сонувал да вози Формула 1 болид и логично е што брцна длабоко во својот џеб за да си купи место во Минарди. За 41-годишникот трката беше само хоби и остварување на жалбата, а првото појавување на патеката му беше во Унгарија во 2005 година.

Со самото излегување на патеката сит есватија дека местото не му беше таму и веднаш се изврте крај патеката. Кутриот, кранот го дигна неговиот болид додека тој беше во него затоа што немаше поима како се вади воланот на болидот. Минарди решија да не го користат за трка откако постави време за 12,9 секунди побавно од најбрзото, а беше заменет од италијанецот Енрико Токачело.

Жан-Денис Делетраз

Швајцарецот беше пречекан со широко отворени раце во Ларус тимот кој во таа 1994 година имаше големи финансиски проблеми. На своето деби се квалификуваше на 25то место, а беше дури 10 пати минат за цел круг на трката. Болидот го спаси од срам затоа што откажа менувачот и мораше пред време да ја заврши трката.

Се врати на гридот во 1995 година со тимот Пацифик и договор од 5 трки, но по само 2 трки повеќе го немаше затоа што не ги исполнил перформансите цитирани во договорот.

Таки Иноуе

Општо е мислењето дека Таки Иноуе е еден од најлошите возачи кои се појавиле во Формула 1, а уште пред влезот во серијата веќе беше познат по своите комични судари. Во 1994 година се појави на Јапонското Гранд При со Симтек каде предвреме ја зарши трката, но следната година истера цела сезона со Футворк Харт. Од вкупно 17 трки, заврши само 4.

 

Највисок пласман му беше 9то место во Канада, а во 1995 година во Монако неговиот болид беше удрен од автомобил додека беше влечен кон боксот. Во Унгарија маршалите мораа да го гасат неговиот болид за целосно да не изгори, а тој заврши со скршена нога, но навреме се врати за крајот на првенството.

Ал Пис

Канаѓанецот Ал Пис беше многу успешен возач во домашните класи, а во 1998 година влезе и во Куќата на славните во моторспортот во Канада. Но, приказната во Формула 1 беше целосно различна, а познат е по тоа што е единствен Формула 1 пилот кој добил казна затоа што возел премногу бавно.

Во 1969 година во Канада тој возеше за Игл-Климакс кога доби црно знаме поради тоа што беше бавен и се тркаше со лидерите на трката, иако беше неколку кругови зад нив. Џеки Стјуард за малку ќе се судреше со Пис, а Кен Тајрел официјално се пожали по што Ал беше дисквалификуван. Во 22от круг лидерите имаа речиси двојно кругови повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ