Тост демантира дека Ред Бул размислуваат за продажба на АлфаТаури

Тимскиот шеф на АлфаТаури, австриецот Франц Тост, ги демантираше медиумските шпекулации дека Ред Бул размислуваат за продажба на својата сестринска екипа.

Во последно време, се посилни станаа шпекулациите дека новиот менаџмент на компанијата за производство на енергетски пијалоци размислува за продажба на својата ввтора екипа, а според германските медиуми, Ред Бул најпрво сака да го пресели својот тим од Италија во Британија.

Во пресрет на новата сезона, од Фаенца објавија соопштение дека поддршката од Ред Бул продожлува и во иднина.

имав добри состаноци со оливер минтзлаф, главниот извршен директор за корпоративни проекти и нови инвестии на ред бул, кој ми потврди дека акционерите нема да го продадат алфатаури и дека ред бул ќе продолжи да не поддржува и во иднина.

сите гласини кои се појавија во медиумите немаат никаков темел, не се вистинити, а тимот останува фокусиран на почетокот на сезоната кој очекуваме да биде подобра од лани.

Гласините за продажба на малиот италијански тим почнаа да кружат уште пред смртта на сопственикот на тимот, Дитрих Матешич. Се работи за поранешниот Минарди кој беше купен од Ред Бул како полигон за развивање на млади возачи, а Себастијан Фетел и Макс Верстапен го следеа токму тој пат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ