Тост: Мицлав не ме отпушти

Франц Тост ги отфрла гласните дека бил отпуштен од Ред Бул од страна на еден од челниците задолжен, помеѓу другото и за Формула 1 екипата, Оливер Мицлав.. 

67-годишниот шеф на АлфаТаури е во Формула 1 веќе 17 години, но многумина сметаат дека со промените во Ред Бул, а по смртта на Дитер Матешич и назначувањето на неговиот наследник Оливер Мицлав, тој бил отпуштен. 

Лорен започна со нас и се сеќавам дека се шегувавме пред неколку години дека ќе оди во друг тим, ќе научи и ќе се врати назад – се присети франц.

Тост, сепак, тврди дека одлуката била негова и претходно била дискутирана со Матешич. 

Беше моја одлука која ја донесов пред две години. Уште тогаш дискутирав со Дитер и рековме дека ниту еден лидер не е залепен за местото. Мора да се даде работата на млади и мотивирани луѓе. Време е да напуштам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ