Тост откри дека менаџментот на Хонда не бил едногласно за излез од Ф1

Хонда дефинитивно заминува од Формула 1 на крајот од сезонава, а Франц Тост, тимскиот шеф на АлфаТаури, кои веќе три години возат јапонски мотор, откри дека менаџментот бил поделен при носење на одлуката да се напушти тркачката серија.

Ресд Бул и Хонда неодамна се согласија на продолжување на соработката односно помош од страна на јапонците во Ред Бул Пауертреинс фабриката која се гради во Милтон Кинс, а каде самостојно тимот ќе ги произведува Формула 1 моторите. Сепак Тост откри дека менаџментот на компанијата не бил едногласен кога се одлучувало за иднината.

не можам да зборувам во името на менаџментот на хонда и нивниот борд, но имаѓе луѓе, односно менаџери, кои се задоволни и среќни да работат во формула 1, но имаше и онакви кои сметаа дека компанијата треба да одбере друга насока.

хонда донесе одлука да ја напушти формула 1, но ќе продолжи блиската соработка помеѓу хонда и ред бул во иднина.

дали хонда ќе се врати во формула 1 или не, тоа не го знам. одлучија да престанат на крајот на оваа година и на тој начин да не снабдуваат мотори од следната сезона, но ќе ги произведуваат како дел од договорот. од 2023 година, моторите ќе бидат дизајнирани и произведувани од страна на ред бул, за останатото ќе видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ