Тото задоволен: Директорот на трка ги почитуваше правилата

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, посочи декае задоволен од одлуките на директорот на трка за време на Италијанското Гранд При откако настанот, на негодување на речиси сите, заврши под безбедносно возило.

Овие коментари на австриецот доаѓаат по ланските контроверзии во Абу Даби кога неговиот Луис Хамилтон ја загуби титулата по што следуваа обвинувања кон тогашниот директор на трка и негово отстранување од функцијата.

Тото е задоволен од начинот на кој Нилс Витич се справил со застанатиот болид на Даниел Рикардо и покрај незадоволството што трката не беше рестартувана и заврши на најлош начин, зад безбедносно возило.

навистина сум задоволен што директорот на трка и неговите колеги доследно ги поитуваа правилата и покрај се поголемиот притисок од медиумите, фановите и сите останати за кршење на правилата. по абу даби, фиа научи дека треба со голема самодоверба да ги применува регулативите – посочи волф.

Првиот човек на Мерцедес нема никакви проблеми што трката завршила под безбедносно возило и не била прекината со црвено знаме затоа што смета дека правилата биле соодветно интерпретирани.

има правила кои се напишани и од моја гледна точка, без оглед на тоа што абу даби го предизвика, овој пат тие доследно се почитуваа и следеа. имаше болид застанат на патеката, имар маршали кои се обидуваа да го отстранат како и кран кој дојде набрзо, поради тоа никој не смееше да претекне.

потоа немаше доволно време за рестарт на трката, така што ако некој не е задоволен што правилата се почитувале треба да оди да гледа некои трки со судари по 1-2 кругови, но тоа не е формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ