Тото објасни како требало да го решат проблемот со Луис

Тото Волф верува дека Луис Хамилтон ќе се борел со Серхио Перез и ШАрл Леклер за 3то место доколку го послушал тимот кога го повикал да промени гуми при крајот на Турското Гранд При.

Актуелниот првак промени гуми во 50от круг откако долго време траеше убедувањето преку тимското радио дали е потребно нови гуми или пак да се вози со истите до крајот. Како резултат на инаетот на Хамилтон, тој заврши на 5то место и во моментов заостанува 6 поени зад Макс Верстапен во возачкиот поредок.

вистинска одлука беше да се оди конзервативно и да се влезе во бокс кога влегоа сите останати околу него и да се промени на нови интермедиа. така ќе излезеше зад серхио перез и шарл леклер и ќе се бореше и тракше со нив за 3то место. тоа ќе беше точна и исправна одлука, но по трка е лесно да се каже.

неговите интермедиа гуми изгледаа страшно, но можеби и можеше да издржи со нив до крајот и да заврши на 3то место без промена или пак ако се појавеше сува линија да оди на софт до крајот.

балансиравме помеѓу конзервативна стратегија и влез во бокс со останатите и борба со леклер и перез за 3то до крајот или ризикување и коцкање и победа или финиш на трето место како резултат на тоа. видовме дека перформансите на леклер ги снема, а и кај луис почна д асе јавува истото, така што беше јасно дека нема да стигнеме до крајот – посочи волф.

Мерцедес првично го повика возачот во бокс во периодот кога менуваа сите останати, но тој не ги послуша и остана на патеката. Тото вели дека ако променел тогаш, ќе имал многу подобар пласман.

дококл не послушаше ќе беше подобро одошто вака, затоа што ние измеривме и прогнозиравме се. јасно е дека ако не сте во болидот не гледате колку перформансите ги снемува, не виде ни колку побавен станува леклер и беше јасно дека ако остане на патеката, ќе губи позиции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ