Три позиции казна за Окон поради блокирање на Расел

Естебан Окон доби заслужена казна од 3 грид места во пресрет на утрешната трка на Силверстон откако го блокираше Џорџ Расел во квалификациската сесија.

Додека го претекнуваше забавениот Антонио Џиовинаци, Окон возеше по тркачката линија во моментот кога Расел возеше брз круг, по што возачот на Вилијамс мораше да се откаже. Набргу по тимското радио, Расел се пожали на потегот за кој сметаше дека е многу опасен.

И самиот Окон откако се врати во гаражата беше свесен дека ќе добие казна. Естебан и Расел беа повикани кај стјуардите по сесијата за анализа на инцидентот. Стјуардите одлучија да го казнат Окон со три места и еден казнен поен на неговата суперлиценца.

Од казната ќе профитираат Себастијан Фетел, Карлос Саинз и Роман Гросжан. Окон ќе стартува од 14то место, едно место пред Расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ