Тсунода би можел да го замени Перез во 2025

Јуки Тсунода би можел да добие место во Ред Бул за сезоната во Формула 1 во 2025 година, тврди неговиот сегашен шеф, Франц Тост.

Јапонскиот тркач го постигна својот прв поен во 2023 година за АлфаТаури на Големата Награда на Австралија, откако Карлос Саинз отпадна од топ 10 поради казна.

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Тост, се восхитуваше на перформансите на Тсунода на Алберт Парк додека јапонецот го возеше поголемиот дел од трката со проблем и сепак го освои првиот поен за тимот оваа година.

Јуки досега возеше две исклучително силни трки и Многу сум среќен со него. Не е негова вина што уште не сме конкурентни – смета тост.

АлфаТаури се јуниорскиот тим на Ред Бул кој моментално доминира во спортот со победи на сите три трки досега во 2023 година. Тост верува дека Тсунода би можел да вози за сениорската екипа во 2025 година, кога тековниот договор на Серхио Перез треба да истече.

Колку што знам, Серхио Перез се уште има договор за следната година – изјави Тост.

Се што можам да кажам е дека Јуки е на вистинскиот пат. Тој се подобри во секој поглед, Но мислам дека треба повторно да вози за АлфаТаури догодина.

Во 2025 година мислам дека конечно ќе биде подготвен за Ред Бул.

Перез го потпиша двегодишниот договор во летото во 2022 година, но ќе има 35 години кога ќе започне сезоната во 2025 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ