Тсунода кандидат за Астон Мартин Хонда ?

Откако беше објавено партнерството на Хонда со Астон Мартин од 2026 година, дали тоа значи дека Јуки Тсунода може да добие место во тимот?

Од Хонда изјавија дека би сакале јапонецот Тсунода да биде кандидат за место во екипата по почнување на соработката помеѓу двете страни. Тој е поврзан со Хонда од својата 16та година и поради тоа доби место во АлфаТаури кои возат со Хонда мотор. Во моментов, тој е единствениот јапонец на гридот и претседателот на Хонда, Који Ватанабе, потврди дека ќе го следат Тсунода. 

Секако има повеќе јапонски возачи кои би биле кандидати, Но ние сакаме Јуки да успее. Зборуваме за иднината, за три години од сега и затоа е рано да кажеме што ќе се случи.

Мислам дека не е сега време да се зборува за ова, Но се надевам дека ќе биде кандидат. Сепак, тимот треба да ја донесе последната одлука. 

По разочарувачката 2022 година, тој сега има импресивен старт на сезоната и покрај ограничениот болид. Мартин Витмарш, Главниот извршен директор на Астон Мартин, смета дека тој може да биде конкурент за место во тимот. 

Мислам дека е импресивен оваа сезона. Тој е сеуште млад, но е доволно искусен и оди напред. Сигурен сум дека ќе имаме промени кај возачите. Сакаме најдобри возачи во болидите.

Тука сме да победуваме со Хонда и поради тоа Сакаме одлични возачи. Јуки може да е кандидат. Сигурен сум дека сака да вози болид со Хонда мотор. Ќе видиме како ќе напредува и се надевам дека ќе имаме сериозна дискусија заедно. 

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, во 2026 година ќе има 44 години и не се знае дали ќе оди во пензија иако неговиот договор истекува наредната година, но вози на неверојатно високо ниво и веќе се искачи на четири подиуми од пет трки. Строл ќе има 27 години, но тој е син на сопственикот на Астон Мартин што значи дека ќе има место во тимот се додека тој сака, доколку не потпише за некој поконкурентен тим. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ