Тсухода чека место во АлфаТаури

Јуки Тсухода, јапонецот поддржан од Хонда, очекува да добие место во АлфаТаури наредната година откако дојде до својата прва победа во Формула 2 на Силверстон. 

Тој е шампион од 2018 година во јапонската Формула 4 и подоцна почна да вози во европските шампионати. Младиот возач е подржан од Ред Бул и Хонда за влез во Формула 2 во Карлин. 

Тсухода дојде до пол позиција на второто излегување на патека во Австрија и првиот подиум, а веќе ја има и првата победа зад себе. Во моментов е на 6та позиција во шампионатот и заостанува 46 поени зад Калум Илот кој е водечки.

Потребни ми се повеќе поени. Веќе изгубив доста од почетокот на сезоната и Мислам дека ми е потребна константност. Во иднина сакам добри трки и многу да учам што е добро за Карлин. Очекувам многу победи и поени и доколку е можно место во АлфаТаури – се надева јуки.

Тој веќе има четири топ 10 пласмани од кои три подиуми и една победа. 

Мислам дека се мачев со предниот споен викенд кон крајот на трката. Ова е голем чекор за мене. Темпото за трката беше добро и ги менаџирав гумите. Имавме добра стратегија и мислам дека тоа е добро за довербата. Треба да се подобрам на квалификациите и да освојам уште подиуми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ