Унгарија: Верстапен доминантно до рекордна победа за Ред Бул

Макс Верстапен обезбеди уште еден рекорд во Ф1 за Ред Бул со победата на трката за Големата Награда на Унгарија.

Екипата од Милтон Кинс ја освои 12та последователна победа за да го надмине резултатот на Мекларен од 1988 година, кои стигнаа до 11 победи по ред.

Ландо Норис ја докажа засилената форма на Мекларен и заврши на второто место пред Серхио Перез, кој со силни перформанси се искачи од деветтото место на гридот.

Луис Хамилтон загуби позиции стартувајќи од пол позицијата и падна на четвртото место пред Оскар Пиастри, а возачот на Мерцедес го бркаше Перез се до финиш линијата.

Џорџ Расел имаше фантастична трка и заврши пред двајцата возачи на Ферари по стартот од 18то место,  додека дуото на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, ги заокружија првите 10.

Многу се очекуваше од дуелот помеѓу Хамилтон и Верстапен во првиот круг, но Холанѓанецот го презеде водството во внатрешноста на свиокот 1.

Оскар Пиастри направи неверојатен старт, како и неговиот тимски колега Норис.

Жу Гуанју го освои најдоброто петто место во кариерата во квалификациите, но имаше ужасен старт и загуби најмногу позиции во трката.

Потоа Кинескиот возач удри во задниот дел на АлфаТаури на Даниел Рикардо, предизвикувајќи верижна реакција што доведе до судар на Естебан Окон со тимскиот колега Пјер Гасли што доведе до втор последователно двојно откажување за тимот на Алпин, додека Жу заработи казна од пет секунди.

Поради менаџирање на пневматиците, трката се смири до периодот на боксот, до кога Верстапен создаде разлика од нешто повеќе од седум секунди пред Пиастри.

Хамилтон беше првиот од четирите најдобри што влегоа во бокс со надеж дека ќе ќе го претекне Норис на тој начин, но остана збунет кога неговиот дефицит од помалку од три секунди стана девет секунди кога Мекларен излезе од бокс еден круг подоцна.

Мерцедес продолжи да се бори за темпо додека Пиастри се проби меѓу двајцата Британци, но дебитантот беше незадоволен од гумите со тврда компонента.

Додека Верстапен имаше цврста контрола на предниот дел од гридот, Перез имаше сопствена мисија од деветтото место на гридот.

Мексиканецот веќе го претекна Карлос Саинз од Ферари и Џорџ Расел од Мерцедес пред да се приближи до Хамилтон кога успеа да го претекне седумкратниот шампион.

Верстапен го освои најбрзиот круг на неговиот последен стинт со медиум гума за да заработи максимални 26 поени.

Перез добро се опорави за многу неопходен подиум со цел да се намали дел од притисокот што се создаваше по неодамнешната лоша форма.

Шарл Леклер заврши пред Саинз, доби и казна од пет секунди за брзо возење во бокс, а казната му донесе дополнителна позиција на Мерцедес.

Позагрижувачки за Скудерија, и двајцата возачи завршија речиси 50 секунди зад победникот Верстапен.

Расел со својот пласман обезбеди Мерцедес да заврши со двата болида пред Астон Мартин во битката за второто место во поредокот за конструктори.

Алекс Албон заврши 11ти за Вилијамс пред несреќниот Валтери Ботас, кој беше попречен во хаосот во свиокот 1.

Враќањето на Даниел Рикардо во Ф1 заврши онаму каде што стартуваше на 13то место, откако помина без оштетување од неговиот контакт во првиот свиок на стартот.

Нико Хулкенберг од Хаас повторно падна од топ 10 на денот на трката и заврши на 14то место, пред Јуки Цунода од АлфаТаури.

Мизерното попладне на Жу заврши во 16то место, пред Кевин Магнусен кој заврши последен од оние што останаа во трката додека Логан Сарџент се откажаа на еден круг пред крајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ