Унгарија, квалификации: Прва пол позиција за Џорџ Расел

Со феноменален последен круг, Џорџ Расел и Мерцедес дојдоа до пол позиција на Големата награда на Унгарија, поставувајќи круг за околу половина десетинка побрз од оној на возачите на Ферари.

Саинз и Леклер смета дека иамат прв стартен ред, но мораа да се задоволат со 2ро и 3то место, додека конкурентите од Ред Бул ќе тргнат од 10то место (Верстапен) и Перез зад него.

Првите 18 минути од квалификациите се возеа по облачно време, но сува патека која се подобруваше како што одминуваше времето. Луис Хамилтон беше најбрз и имаше 3 стотинки предност во однос на својот колега, а 6 стотинки предност во однос на Карлос Саинз од Ферари.

Отпаднаа Вилијамс, АлфаТаури и еден Астон Мартин. Јуки Тсунода беше најбрз од отпаднатите со круг за само 3,5 стотинки побавен од Ленс Строл кок беше најбавен од оние што минаа. Алекс Албон беше 5 стотинки зад Строл, но 2 стотинки пред Фетел кој ќе тргне од 18то место. Последниот ред ќе биде резервиран за Пјер Гасли кој имаше дури 3 десетинки побавен круг од својот колега и Николас Латифи кој беше 4 стотинки зад него.

Средниот квалификациски сегмент му припадна на МАкс Верстапен кој беше за само 6,5 стотинки побрз од Шарл Леклер, а 2 десетинки побрз од Фернандо Алонсо.

Најголем губитник на квалификациите се чини е Сехрио Перез кој беше најбрз од отпаднатите со 7 стотинки побавен круг од Валтери Ботас кој беше најбавен од оние што минаа во топ 10. До Чеко во 6от ред ќе тргне Гуанју Жу кој беше само половина десетинка зад мексиканецот.

Следниот ред ќе го пополнат Кевин Магнусен од Хаас кој беше 3 десетинки побрс ос Ленс Строл кој ќе стартува до него. Најбавен во средниот квалификациски сегмент беше Мик Шумахер.

По прват серија летечки кругови во последните 12 минути од квалификациите, Карлос Саинз имаше најбрз круг, беше помалку од половина секунда побрз од Џорџ Расел, а Шарл Леклер беше дополнителни 2 стотинки поназад. Следуваа Хамилтон, Алонсо и Норис, додека Верстапен погреши во својот круг и беше 7ми.

На почетокот од втората серија летечки кругови, Макс Верстапен додека возеше загревачки круг се пожали дека нема моќ од моторот.

Леклер го поправи својот круг, но доволно само за да биде 6 стотинки до Саинз, но шпанецот дополнително се забрза и го порпави своето време за 8 стотинки. Ландо Норис имаше феноменален последен обид за да дојде на 3,5 десетинки од Ферари. Следуваше лудиот круг на Џорџ Расел кој беше половина десетинка побрз од Ферари изненадувајќи ги сите.

Тандемот на Апин ќе тргне од третиот стартен ред, Хамилтон и Ботас, ланските колеги од 4от, Даниел Рикардо имаше 9то време, додека Ред Бул не успеа да го поправи моторот на Верстапен и актуелниот првак ќе тргне од 10то место.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ