Унгарија Т2: Леклер најбрз, Перез никако да се опорави

Шарл Леклер заврши најбрз на вториот тренинг за Големата Награда на Унгарија, додека тимовите се изедначија по првиот час погоден од дождот.

Возачот на Ферари постави најдобро време од 1:17.686 за да заврши само 0.015 секунди побрзо од Ландо Норис во Мекларен.

Пјер Гасли беше трет најбрз за Алпин, иако времињата беа во голема мера нерепрезентативни бидејќи различни стинтови беа изведени поради користењето на алтернативна распределба на гуми на Пирели, со два сета помалку достапни за тимовите во текот на викендот.

За среќа на сите вклучени, тест програмите беа завршени откако дождот го наруши Т1, со медиум и софт пневматици ширум гридот.

За разлика од првиот час, немаше доцнења со црвено знаме за инциденти, иако Оскар Пиастри беше во својата гаража 20 минути бидејќи го оштети подот.

Серхио Перез беше во мисија за опоравување по неговиот неуспех на првиот тренинг, но блокирањето на предното десно тркало при неговото возење со гуми му дозволи да постави време доволно добро само за 18то место.

Јуки Цунода рано постави време на софт и заврши како четврти најбрзо, пред вториот Алпин на Естебан Окон.

Нико Хулкенберг од Хаас беше шести најбрз пред Валтери Ботас од Алфа Ромео и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Жу Гуанју беше вториот Алфа Ромео во топ 10 пред Ферарито на Карлос Саинз, додека Макс Верстапен беше само 11ти најбрз за Ред Бул.

Даниел Рикардо беше само седум десетинки послаб од темпото на 14то место за АлфаТаури, додека Луис Хамилтон беше првиот со повеќе од секунда зад Леклер на 16то место.

Перез беше 18ти, Пиастри 19ти, а Џорџ Расел 20ти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ