Уралкали си ги бара парите назад

Рускиот хемиски гигант и светски лидер во производство на вештачко ѓубриво, Уралкали, започна правен спор против Хаас за да си ги врати парите назад откако нивниот договор беше раскинат по инвазијата на Русија врз Украина. 

Никита Мазепин изјави дека ќе направи Фондација за спортисти кои се отстранети од натпреварувања поради политички причини додека компанијата на неговиот татко си ги бара парите назад. 

Уралкали сака да ги заштити интересите и бара отштета и рефундација на платеното за новата сезона. Поголемиот дел од парите беа уплатени и префрлени на Хаас и сега е раскинат договорот. Хаас не го исполни договорот и поради тоа Уралкали си ги бара парите назад – велат од компанијата.

Во изјавата од компанијата, Уралкали сметаат дека безпредметно е раскинувањето на договорот поради руската инвазија на Украина. 

Хаас ќе го пропуштат стартот на тестот во Бахреин поради доцнење на товарот во Истанбул, Фитипалди ќе го менува Мазепин за време на тридневниот тест, а на трките Кевин Магнусен се враќа во тимот со повеќегодишен договор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ