Ферари го загуби Weichai

Ферари се неубедливи и бавни на почетокот од новата сезона, форма немаа на предсезонските тестови, а и во пресрет на првата трка не покажуваат знаци дека се способни сериозно да нападнат.

Болидот изгледа е “утка“, така што ќе треба да се почека до третата трка на Хунгароринг за да се донесат новини во кои се има огромна надеж дека ќе ги вратат на вистински колосек.

Како да самите немаат доволно проблеми, загубија и голем спонзор. Се работи за кинеската компанија Weichai, моќна кинеска државна компанија специјализирана з производство на моќни дизел мотори за различна намена. Логото на компаниата беше видливо на болидите за време на зимските тестови, но “се загуби“ на Спилберг.

Не се случува често некој спонзор да се откаже на средина од сезоната, а според италијанските медиуи, Weichai се силно погодени од пандемијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ