Ферари донираа 1 милион евра за поплавите

Скудерија Ферари донираа 1 милион евра како поддршка во фондот за помош на оние кои се погодени од жестоките поплави во регионот Емилија Ромања, невреме кое донесе откажување на Гранд При трката викендов.

Формула 1, ФИА и ситерелевантни страни донесоа едносгласна одлука во Среда да се откаже трката откако дождот врнеше во рекорден обем 36 часа без престан, сите 14 реки во регионот се излејаа од соето корито, многу луѓе беа евакуирани, а имаше и 9 мртви. Автодромот Енцо и Дино Ферари беше во голема мера поплавен и затворен за пристап до вчера кога во текот на денот дел од персоналот на екипите доби дозвола за пристап за да може опремата да се подготви и транспортира до Монако каде Формула 1 се трка следниот викенд.

Како одговор на проблемите, Ферари решија да донираат 1 милион евра откако се најдоа најзасегнати поради фактот што нивното седиште во Маранело е лоцирано не нецели 90 километри од поплавената патека. Според соопштението од Ферари, парите ќе бидат искористени за да се помогне на локалното население со фокус кон проекти за поправка на животната средина и менаџирање на хидрогеолошпката нестабилност.

Главниот извршен директор на Ферари, Бенедето Виња изјави:

во однос на проблемите, ферари секогаш се одвојувал во општеството. сакаме да овозможиме конкретен и итен одговор во однос на најкритичните и најитни потребни на населението во емилија ромања кое е во сериозна катастрофа во однос на животната средина.

во координација со локалната власт на која патем сме и претерано благодарни за неуморната работа, помошта ќе биде знак на солидарност од целото ферари семејство.

Трката има премали шанси да се најде на календарот годинава, така што најизводливо е да се очеква д добијат едногодишно продолжување на договорот во 2026 година за да надоместат за сезонава. Така, овогодинешниот календар требаше да има рекордни 23 трки, но со губењето на Кина и Имола, веќе е намален.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ