Ферари презадоволни од “ѕверот“ Шварцман

Мик Шумахер е најпознатиот член на Академијата на Ферари по својата Формула 2 шампионска титула лани, но и другите негови колеги од ФДА се покажаа одлично тркајќи се.

21-годишниот русин Роберт Шварцман е Формула 3 првак од 2019 година, а лани му беше колега на Мик во Према во својата деби сезона во таа тркачка серија и победи четири пати на трка. Заврши на 4то место во поредокот зад своите колеги Шумахер и Илот како и зад јапонецот Јуки Тсунда кој годинава влегува во Формула 1 преку АлфаТаури.

Се очекува следната голема работа од Академијата на Ферари која ќе стигне до Гранд При да биде Шварцман и тоа да се случи догодина, а сезонава која претстои продолжува во Формула 2 како и во симулаторот на Скудерија.

за шварцман не научивме ништо сезонава што веќе не го знаевме. тој е “ѕвер“ на трка, се покажа и во формула 3 каде беше првак во дебитантската сезона, а се потврди и во формула 2.

почетокот на неговат сезона беше речиси совршен, но следуваа неколку трки без поени кои ги исфрлија од трка за титула, но сеуште имаше најмногу победи од сите во падокот, вкупно четири.

останува во формула 2 со према затоа што му треба уште една година во таа категорија и очекувам да биде главен кандидат за титула сезонава – изјави марко матаса, шефот на програмата за малди возачи на ферари.

Матаса појасни зошто Шумахер добил рпедност во однос на Шварцман за местото во американски Хаас.

знаевме дека имаме одлични шанси во формула 2, а возачите завршија одлична работа особено мик, калум и роберт. шумахер сфати дека е фаворит за титула и константноста беше клучна во неговат сезона.

демонстрираше одличен психолошки напредок, направи минимални грешки и работеше на трките, напаѓаше и ризикуваше кога беше потребно и со повеќе поени стана првак.

Матаса потврди дека Мик го користел истиот приста со бавен старт и моќен крај и додека се трка за Формула 3 титулата која ја освои во 2018 година.

од средина на сезоанта не погреши ништо и беше фантастичен на стартовите. тоа се исплатеше затоа што неговите конкуренти правеа грешки, а тој освојуваше поени.

Масата ја пофали и квалификациската форма на Калум Илот сезонава откако британецот освои дури 5 пол позиции.

плати скапо за неколку лоши трки, но покажа одличнен карактер и се бореше од последно место буквално на последната трка од сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ