Ферари сакаат нова шанса за Шумахер и Илот

Мик Шумахер и Калум Илот најверојатно ќе мора да почекаат до крајот на сезоната и викендот во Абу Даби за да добијат нова шанса за деби во Формула 1 тренинг сесии.

Јуниорите на Ферари требаше да учествуваат во Т1 за Алфа Ромео и Хаас за Ајфелското Гранд При, но лошите временски услови ги спречија во тоа. Големата магла и дожд го спречија медицинскиот хеликоптер да полета до локалната болница. Ферари се надеваат дека тоа не е крајот за нивните млади возачи, а Биното вели дека Абу Даби е најверојатната опција.

Очигледно е штета за нив, ќе беше одлична можност да дебитираат во Формула 1. Ќе се обидеме да договориме за следните трки, но ќе биде многу тешко. Портимао е нова патека за сите, така што врвните возачи мора да учествуваат. Потоа е Имола, која ќе биде само дводневен викенд, а потоа и Турција, која е нова патека исто така.

Потоа е Бахреин, каде тие имаат Формула 2 трки и го завршуваат првенството, така што мора да бидат фокусирани. Најверојатна опција е Абу Даби, а не порано.

Очигледно е промашена шанса, но како што кажав, ќе имаме уште една – најави матиа биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ