Ферари совесно го прифатиле одложување на правилата

Од Ферари велат дека прифаќањето на одложувањето на правилата за 2021 година најверојатно е негативно за нив, но морале да го сторат тоа за доброто на Формула 1.

По пандемијата од Корона вирусот и ефектот над Формула 1 календарот и финансискиот притисок од намаленииот награден фонд и приходи од спонзорите, главните лица на спортот одлучија да направат драстични промени во текот на изминатите неколку недели.

По разговор со тимовите, ФИА и Ф1, договорено е моменталната генерација на болидите да се користи и наредната година, а големите промени на правилата ќе се случи во 2022 година. Одлуката го отежнува животот на Ферари, откако признаа дека нивниот болид не е конкурентен колку што би сакале во однос на Мерцедес и Ред Бул.

Земајќи ја предвид моменталната основа и податоците од тестовите, ние немаме предност со овој избор. Не беше лесна одлука, но мораше да биде донесеа. Ова е посебен момент и беше важно да донесеме одговорна одлука за иднината.

Правилата за 2021 остануваат непроменети, но сеуште има простор за аеродинамичен развој. Сеуште треба да ги дефинириаме деталите. Разговараме со сите тимови и со ФИА, да разбереме што ќе биде “замрзнато“, а што ќе биде достапно за развој.

Но, целиме да го задржиме ДНК-то на Формула 1, што е конкурентност и споредба – изјави Биното.

Биното исто така потврди дека откако член на Мекларен бил тестиран позитивно за Корона вирус во Австралија, неговата екипа немала да се натпреварува дури и да се одржала трката.

Нашата позиција беше јасна веднаш, немаше да се тркаме дури и да се одржи трката според планот. Ферари немаше да се трка со цел да се обезбеди безбедноста на сите членови во тимот. Во текот на ноќта пред одлуката, веќе ги известивме Шарл и Себ дека може да се вратат дома.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ