Ферари со нов хибрид во Русија

Ферари потврдија дека ќе возат со нов долгоочекуван хибриден систем во својот агрегат поради што Шарл Леклер ќе добие грид казна и ќе тргне последен.

Ферари претходно најавуваа дека ќе донесат нов и посилен мотор во вториот дел на сезоната. Според правилата тимовите смеат да прават една надградба на секој дел од моторот во текот на сезоната, доколку тоа не го направиле пред почетокот на истата.

Матиа Биното претходно изјави дека хибридот нема да биде достапен на Монца, но сега веќе потврдија дека Леклер ќе го добие во Русија. Од тоа што се знае е дека новиот хибриден систем ќе им донесе околу 10 коњски сили, што е добро во нивната борба за третата позиција со Мекларен.

Леклер ќе стартува од последната позиција на гридот поради новиот мотор откако загуби еден по карамболот предизвикан од Валтери Ботас на Хунгароринт, додека неговиот колега ќе мора да почека за новиот хибриден систем.

Ферари планираа двајцата возачи во исто време да стартуваат од крајот, но Леклер доби приоритет поради загриженост од оштетување на неговата батерија во Унгарија.

Наша цел е да стекнеме искуство со нашиот проект за 2022 година. Вложивме многу труд во ова, технички и логистички, за да го подготвиме што побрзо.

Шарл прв ќе го добие новиот хибриден систем. Одлуката е превентивна поради ризик од оштетување на неговата батерија во Унгарија.

На Сочи, Леклер ќе вози со нов мотор и ќе стартува од крајот. По првата евалуација ќе одлучиме кога ќе го монтираме кај Саинз – најавија од скудерија.

Леклер не е единствениот возач кој ќе добие грид казна на Сочи. Макс Верстапен ќе добие три места назад на гридот по инцидентот од Монца.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ