Ферари Ф300 на Шумахер оди на аукција со луда цена

Формула 1 болидот Ферари Ф300 на Михаел Шумахер од 1998 година ќе оди на аукција следниот месец, а купувачот ќе мора да плати висока сума.

Болидот, поточно шасијата бр.187, ќе биде понуден на аукција во Сабота на 20 Август во Монтереј, Калифорнија. Шасијата бр.187 учествуваше на четири трки во сезоната во 1998 година и го доведе Шумахер до победа на трките во Канада, Франција, Велика Британија и Италија. Болидот беше донесен на трки подоцна во сезоната, но Ферари известува дека останал неискористен.

Ферари и Шумахер ја завршија сезоната во 1998 година како втори во шампионатот за конструктори и возачи, откако првенството отиде во рацете на Мекларен и Мика Хакинен. Болидот беше продаден во Септември 1999 година и не е обновен или изменет од состојбата во која се тркаше во текот на 1998 година.

Сега болидот се проценува помеѓу 6 и 8 милиони долари од аукционерите RM Sotheby’s.

Исклучително редок и засекогаш поврзан со една од најголемите легенди на сите времиња на трките, извонредниот Михаел Шумахер, 187 е без сомнение еден од најзначајните болиди на Ферари Ф1 што постојат и е единствената непоразена шасија што возела на најмалку три трки.

Тоа е воодушевувачка демонстрација на неверојатните технички спецификации и незаузданата моќ на вистинскиот Ферари Ф1 болид од доцните 1990-ти.

1998 година беше четврта сезона за Шумахер во Ферари, тој остана во тимот до крајот на 2006 година, освојувајќи пет последователни светски шампионати помеѓу 2000 и 2004 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ