Ферари ќе бара појаснување од ФИА за ДАС

Матиа Биното, првиот човек на Скудерија Ферари најави дека екипата од Маранело ќе бара појаснување од ФИА во врска со легалност на ДАС системот кој го користи Мерцедес, но нема да ја обжалат одлуката на Федерацијата да го дозволат системот оваа сезона. Мерцедес веќе објаснија дека системот го развивале со знаење и информирање на ФИА.

Биното призна дека тие сеуште не ја разбрале целосно потенцијалната предност на таквата иновација и не смета дека ќе имаат можност да направат своја верзија на системот до средина од сезоната.

гледам дека има многу дискусии во врска со системот, но лично јас не ги разгледувам деталите и за што се работи затоа што целосно и верувам на фиа. убеден сум дека донеле вистинска одлука и верувам во сите податоци со кои располагаат.

сеуште не сме се обратиле до фиа, но ќе побараме појаснување затоа што на нас ни е важно да разбереме што тој систем прави. како што реков нема да ја обжалиме одлуката на фиа затоа што целосно им веруваме – појасни биното.

Тимскиот шеф откри дека доколку се решат да направат сопствена верзија од системо, за тоа ќе им треба долго време.

навистина не знам дали ќе вреди да почнеме да развиваме таков систем, но секако дека ќе ни треба многу време затоа што дизајнот е во првична фаза, следува производство и хомологација за да биде безбеден поради што оптимистички би г имале на средина од сезоната.

сепак, прво треба да разбереме како системот работи и дали ќе имаме некаква корист од него. во моментов не знаеме ништо, но ќе го проучиме без сомнеж и ќе разислиме даи вреди да развиваме своја верзија.

Инженерот не смета дека системот ќе биде од толку голема помош за Мерцедес што ќе ја реши сезоната.

секако дека мерцедес имаат одличен болид и покажаа дека се многу брзи. имаат многу иновации на болидот и некои паметни решенија кои се копирани од нас како што и ние нешто копираме од нив.

на крајот, дас системот е видлив, но не мислам дека ќе биде пресуден. тој е само дел од целиот пакет кој кај нив ионака е одличен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ