Ферари ќе решава за јуниорите пред Ф2 финалето

Ферари планираат да одлучат кои од своите јунипти ќе ги промовирт во Формула 1 следната сезона во пресрет на Формула 2 финалето, односно во следните неколку недели.

Во моментов Скудерија има пет свои членови во Формула 2 јуниорската серија, а тројца од нив, Мик Шумахер, Калум Илот и Роберт Шварцман, се во топ 5 во првенството и се борат за титула. Мик води пред Илот и се чини дека титулата ќе се решава помеѓу нив за време на двете трки во Бахреин.

Во Петок Алфа Ромео потврдија дека Антонио Џовинаци и Кими Раиконен остануваат нивни возачи и догодина така што таму нема простор за јуниори од Маранело. Се очекува Шумахер да стане дел од американски Хаас за следната сезона откако се посилни се шпекулациите дека Стаинер ќе вози со двајца млади возачи догодина.

Матиа Биното, шефот на Ферари, потврди дека место во Формула 1 ќе има само за еден нивни јуниор догодина, а за другите ќе се разгледуваат останати можности.

секако дека нема место за сите. мислам дека тоа што во моментов го работиме во формула 2 ако ги анализираме ик, калум и роберт, одлични сме. имаат сезона за довршување и се фокусирани кон следната трка во бахреин. предизвикуваат за титула и тоа е многу важно за нив.

ќе добијат можност на првата тренинг сесија во абу даби, а потоа ќе имаме и тест за млади возачи на истата патека, но одлуката ќе ја донесеме врз основа на тоа што направиле до сега и како го развиле својот потенцијал.

наша цел не е да ги донесеме сите во формула 1 туку еден ден да станат дел од скудерија ферари и да го возат црвениот болид, а дали тоа ќе го постигнат зависи од нив.

секако дека еден од нив ќе влезе во формула 1 следната сезона, а останатите може ќ добијат други можности, но ние треб се да организираме и да им дадеме шанса да се докажат – објасни биното.

Запрашан за времето кога Скудерија ќе донесе решение за своите јуниори, Биното дополни:

не мислам дека ќе чекаме до последните трки во бахреин и абу даби и мислам дека се ќе решиме во следните неколку недели.

Шумахер, Шварцман и Маркус Армстронг како дел од Академијата на Ферари веќе ги имаат потребните поени на супер лиценцата за да се тркат во Формула 1, додека со топ 5 финиш во Формула 2 сеонава тоа ќе го постигне и Калум Илот.

На крајот на Септември Ферри имаше приватен тест со Формул 1 болид од 2018 година со Шумахер, Илот и Шварцман како дел од нивниот развој. Мик и Калум требаше да одработат петочна сесија за Хаас односно Алфа Ромео на Нирбургринг, но времето не им дозволи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ