Фетел има понуда од Ферари, но со намалена плата

Италијанските медиуми тврдат дека Скудерија Ферари му понудиле на Себастијан Фетел едногодишно продолжување на соработката и сакаат и во 2021 година германецот да остане во Маранело. Sky Sports Italia пренесува дека понудата до возачот е со намалена плата.

Во моментов четирикратниот првак ја одработува својата последна година од договорот со тимот, а лани имаше лошо и неубедливо издание и победи на само една трка и две квалификациски сесии. Неговиот млад колега, Шарл Леклер, имаше многу подобро издание лани по што заработи долгогодишен договор за останување во Маранело до 2024 година.

Sky Sports Italia пренесува дека моменталната плата на возачот е 33 милиони евра, а иако пренесуваат дека истата ќе биде намалена, не наведуваа за колкав износ.

во 2017 година работите за фетел изгледаа многу поинакви. серџо маркионе се согласи да му даде нов тригодишен договор кој го чинеше 100 милиони евра и во тие три години тој несомнено беше лидер во екипата – велат Sky.

Откако германецот беше притиснат силно и поразен на патеката о својот млад колега Шарл Леклер, неговата преговарачка позиција секако дека е драстично ослабена, но алтернатива по вкусот на Ферари нема на пазарот, така што двете страни сакаат да продолжат заедно.

доколку фетел одбие да го продолжи договорот, тоа не значи дека ќе оди во друга екипа.

следните месеци ќе бидат многу значани за него затоа што “во игра“ е неговата иднина и ќе мора да се покаже и докаже на патеката. за прв пат во животот ќе треба да преговара за договор без да има се во свои раце.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ