Фетел и Леклер ќе ја почната годината како еднакви

Шефот на Ферари, МАтиа Биното, потврди дека нема да има тимски наредби во Скудерија Ферари помеѓу Шарл Леклер и Себастијан Фетел на почетокот од следната тркачка сезона.

Во пресрет на минатата година, Матиа Биното најави дека тимот ќе му биде наклонет на поискусниот Себастијан Фетел во 50-50 ситуациите кои ќе се појават во текот на трката. Но, младиот Леклер се покажа повеќе од достојна конкуренција за четирикратниот првак и на крајот од сезоната заврши пред него во возачкиот поредок.

Како што се развиваше сезоната, возачите добиваа рамноправен статус од тимот, а на крајот нивната борба доведе до судар и двојна незавршена трка во Бразил Сепак, Биното најави дека еднаквиот статус помеѓу неговите возачи ќе продолжи и во иднина.

јасно е дека по крајот на оваа сезона ќе има време до австралија да решиме како ќе ја почнеме годината. имавме еден дебитант и еден искусен шампион и ако ги видите последните трки тие секогаш имаа слобода да се тркаат како што почнавме и на почетокот.

шарл ги изненади сите не само мене, многу е брз и покажа дека знае да се носи со притисок во текот на целат асеона. добар е во борба, добар е додека се трка и секако дека сме задоволни од него. сезонава беше неверојатна за шарл, седум пати освои пол позиција, победи на две трки и на крајот заврши пред себасријан во првенството, одлично достигнување – задоволе е биното.

Иако сезонава, поточно втриот дел од истата мина во знакот на контроверзии околу легалноста на моторот на Ферари, шефот на тимот не жали за ништо.

секогаш дававме се од себе и секако дека не сме целосно задоволни од перформансите на болидот како и од некоти грешки кои ги направивме и проблемите со издржливоста кои ги имавме, а можеби и некои одлуки кои ги донесовме. но, тоа се веќе небитни работи затоа што треба да гледаме и да се насочиме кон напред.

знаеме дека нашиот болид не е доволно брз, не е доволно идржлив, но да кажеме дека имаме време пред себе да поставиме цврсти темели во тимот и организацијата и да промениме на подобро некои работи за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ