Фетел: Моторспортот мора да стане одржлив

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, ги замоли шефовите на моторспортот да направат повеќе за да се осигураат дека трките ќе станат одржливи во иднина, за да обезбедат сопствен долгорочен опстанок.

Фетел штотуку се повлече од Гранд При натпреварувањето по кариерата во Формула 1 која траеше 17 години. Минатиот викенд, тој беше еден од возачите кои учествуваа на Трката на Шампионите во Шведска.

Во последните години во Ф1, Фетел се залагаше за еколошки прашања и призна дека е лицемер затоа што продолжил да лета ширум светот за да вози, кога минатиот Јули беше нападнат на темата од канадски политичар.

Иако не е јасно што ќе прави Фетел сега кога веќе не се натпреварува во Ф1, неговата страст за справување со влијанието на спортот врз животната средина и наследството е поголема од кога било.

Го сакам моторспортот и многу сум внимателен кога станува збор за иднината – изјави Фетел за медиумите на настанот минатиот викенд, кој се одвиваше на снег и мраз.

Возилата што се користеа за време на различните рунди имаа разновидна опрема, од редовни мотори со согорување, до возила на електричен погон и оние што користат биогорива.

Овој настан е одличен настан, забавен настан и сите ние си поминуваме најдобро. Но, одлично е да се види дека Фредерик и целиот тим размислуваат како да се забавуваат на поодговорен начин.

Тој го пофали Фредерик Џонсон, претседател на Трката на Шампионите за организацијата на РОК викендот.

Тие размислуваат за различни автомобили, но и за сè што доаѓа со организација на таков голем настан.

Но, Себ истакна дека моторспортот треба да направи повеќе ако сака да опстане.

Би било штета еден ден да се забрани, од очигледни причини.

Имате млади возачи и јас имам деца и мислам дека е вистинска привилегија што поминав низ моторспортот на начинот на кој јас го поминав. Сакаме да продолжиме да го практикуваме нашиот спорт.

Ако сакаме да продолжиме да го практикуваме нашиот спорт и да ја живееме нашата страст во трките, тогаш мислам дека треба да размислуваме за алтернативи. Мислам дека тоа е важно и неизбежно за во иднина.

Во спротивно, може да продолжиме како порано уште неколку години. Навистина се соочуваме со голем проблем. Затоа е одлично да се види дека луѓето размислуваат за тоа.

Очигледно зависи од типот на трките, но има движење напред. Луѓето размислуваат за тоа и размислуваат за подобра или поодржлива иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ