Фетел нема планови за враќање во Ф1 падокот

Себастијан Фетел откри дека не е сигурен кога и дали ќе се врати во Формула 1 падокот.

Четирикратниот светски шампион е целосно отсутен откако се пензионираше како тркачки возач на крајот на 2022 година.

По толку долго време во трките, за прв пат имам нешто како секојдневие и морам да признаам дека Ми требаше малку време да се навикнам на тоа. Пред сè, уживам во времето со моите деца – рече 35 годишниот германец.

На почетокот беше чудно да не сум таму, Но јас се снаоѓам добро и го следам спортот со голем интерес.

Астон Мартин, последниот Формула 1 тим на Фетел, ненадејно се искачи од седмото место во генералниот пласман во шампионатот за конструктори минатата година до редовните пласмани на подиумот со неговиот наследник Фернандо Алонсо.

Многу сум среќен за мојот поранешен тим. Тие работеа напорно во последниве години, па убаво е што сега освојуваат трофеи. За моето враќање во падокот, сè уште не знам.

Сепак, Фетел ќе се врати во кокпитот на Формула 1 на овогодинешниот фестивал на брзината во Гудвуд, зад воланот на болидот на Најџел Менсел, Вилијамс од 1992 година и зад други од неговата лична колекција, вклучително и Мекларен на Аиртон Сена од 1993 година. Тие ќе користат алтернативни горива во согласност со страста на Фетел за екологијата.

Да ги возам моите стари болиди со алтернативни горива е една работа, Тогаш си дозволувам да бидам инспириран, многу да гледам наоколу, да собирам идеи.

Ајде да видиме што ќе се случи на крајот, Но досега ми оди многу добро со мојата одлука да се пензионирам. Најмногу ми недостасува натпреварувањето и возбудата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ