Фетел откри дека преговарал со Мерцедес

Себастијан Фетел откри дека преговарал со Мерцедес пред неколку години за да стане дел од нивниот тим и да му биде колега на Луис Хамилтон.

По успешниот престој и четирите титули сос Ред Бул, германецот мина во Ферари во 2015 година сакајќи да го однесе италијанскиот тим до самиот врв. Во 2017 и 2018 година сериозно нападна за насловот, но не успеа да освои титула губејќи од Хамилтон кој доминираше во турбо хибридната ера.

постоеше шанса да минам во мерцедес затоа што разговарав со ники. да бидам искрен, тоа беше на половина од мојот престој во ферари. ќе беше големо да отидам таму затоа што луис беше нивниот неприкосновен возач број 1 и не сум сигурен дека ќе имаше простор за двајцата во иста екипа – откри себ.

Тој дополни дека бил посветен на Ферари за време на својот престој во Маранело сакајќи да го повтори она што неговиот идол, Михаел Шумахер, го направил за тимот.

не ме интересираше многу мерцедес во тоа време затоа што бев целосно посветен на ферари. тое беше мојот сон, да ги однесам на врвот, така што разговорите со мерцедес не ги ни сфаќав сериозно.

сепак, мислам дека предизвикот ќе беше огромен и ќе уживав, но не беше судено да се случи. мојот фокус беше да победувам со ферари, не сакав да променам тим, само имав една цел и не жалам за тоа.

мислам дека ќе уживав тркајќи се против луис, одлично се сложуваме, а нашиот момент во азербејџан во 2017 година беше едно недоразбирање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ