Фетел сака да тестира и на други патеки освен Барселона

Себастијан Фетел од Ферари најави дека би било добро да се посетат и други патеки за време на предсезонските тестови освен онаа крај каталонската престолнина, Барселона.

Шпанската патека лоцирана крај градчето Монтемело во непосредна близина на Барселона од 2015 година ексклузивно ги организира предсезонските тестови, а во 1990-тите години кога имаше слобода за тестирање, исто така беше многу користена.

Поради големиот број кругови кои се поминуваат на таа патека, возачите одлично ја познаваат, а последниот свој обид во болидот, Себ мина дуриг 145 кругови, односно повеќе од две Гранд При трки.

повеќе уживам во тркање одошто во тестирање, но сепак претпочитам да возам како и да е особено по подолга пауза.

повеќе би уживал доколку тестираме на друга патека. нека не се навредат во барселона, но многу доаѓаме и возиме овдека. тестот е предизвик за сите возачи да го истражат болидот, а исто така и за инженерите да проверат дали е се во ред и тој дел од работата е добар, но истите кривини, истата патека … станува здоевно – појасни себастијан.

Во врска со намалениот број на денови за тестирање од ланските осум на овогодишните шест, тој изјави:

мене ми е доволно шест денови. пред 20-гинда години имаше многу повеќе тестови, така што нема простор да се жалме.

Последен предсезонки тест кој не бил во Барслона беше во 2014 година кога домаќин беше Шакир во Бахреин.

Постојат многу причини зошто Формула 1 тестира во Барселона. Патеката е одличен пример за школски автодром со различни видови на кривини и сектори, патеката не е многу далеку од базите на екипите со што се олеснува транспортот на делови од фабриките и на тој начин се намалуваат трошоците. Тук е и климата која вообичаено е сува и топла во Март што им дава репрезентативен тест на тимовите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ