Фетел: Сена беше мој прв Формула 1 херој

Себастијан Фетел често се смета дека ги следи стапките на Михаел Шумахер во Формула 1, но возачот на Ферари откри дека Аиртон Сена играл исто толку важна улога во неговата љубов кон моторспортот.

Фетел и Шумахер имаат освоено 11 од вкупно 12 титули по германско знаме, додека Розберг една, но Фетел често се споменува при неговата желба да се изедначи со Шумахер преку освојување на титула со Ферари.

Иако совршенството на Шумахер од 1990-тите и 2000-тите години оставило голем впечаток над Фетел, тој вели дека кариерата на Сена исто така играла голема улога.

Тешко е да присетите на првите спомени, но првите слики кои јас ги видов поврзани со Формула 1 беше кога тој се тркаше во Бразил и победи. Иако изгуби неколку брзини, тој беше преморен и одвај го крена трофејот.

Сликите од тој болид, со Марлборо, се легендарни. Мојот татко е голем фан на Сена и тоа се причините поради кои се обидувате да следите по чекорите на родителите, а тоа беше случај и со мене.

За мене, тој беше прв човек поврзан со Формула 1. Мислам дека неговото постигнување е најголемо кое може да се постигне во спортот. Мислам дека почина прерано. Имаше уште многу да уживаме од него, при тркање но и надвор од болидот.

Немав шанса да споделам момент со него, но споделувам моменти со луѓе кои споделиле спомени со него и кои биле блиски до него. Тој беше посебен карактер. Не само бидејќи беше брз или успешен, но беше посебна личност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ