Себастијан Фетел одговори на критиките и тврди дека Ферари сеуште се целосно посветени и страстни за борба со нивните ривали во Формула 1.
Иако ја започнаа новата сезона како фаворити по предсезонските тестови, Ферари не се на ниво на очекувањата и немаат ниту една победа, со што сега се пласирани на втората позиција и заостануваат 150 поени позади Мерцедес.
По неверојатниот подем на Макс Верстапен и Ред Бул, второто место на Ферари е под закана бидејќи двете екипи сега ги делат само 44 поени во пласманот. Додека проблемите на Ферари се поради болидот и лошиот менаџмент на пневматиците и Фетел и Леклер се критикувани за нивните грешки кои дополнително го ограничуваат нивниот подем.
И покрај проблемите, Фетел вели дека тие сеуште се способни за борба и тимот ќе продолжи со својот напор до крајот на 2019 година.
Повеќе од јасно е дека не сме таму каде што сакаме да бидеме. Ако погледнеме кон табелата, има патеки каде заостануваме во однос на другите, но работиме на тие работи многу напорно.
Не ни недостасува посвета. Луѓето се многу страствени и мислам дека е клучно да останеме смирени, да си ја вршиме работата и очигледно да се обидеме да надоместиме колку можеме. Тоа е главниот приоритет.
Мора да бидам самокритичен бидејќи и јас не завршив добра работа во неколку наврати. Тоа е нешто на што треба да се фокусирам и да се подобрам во втората половина од сезоната.
Освен тоа, мислам дека беше горе-долу, некои трки беа подобри, некои беа полоши. Но на последните неколку трки дефинитивно беше подобро за мене, додека на некои имав многу проблеми кога се обидувавме повеќе различни нешта.