Фетел: Силверстон е нешто посебно

Германскиот возач на Ферари, Себастијан Фетел, смета дека има нешто посебно кога се трка на Силверстон каде лани оствари една од петте победи во сезоната.

Тој стартуваше втор, но напредуваше до победа откако Луис Хамилтон се изврте. Тоа е последна победа на Фетел бидејќи тој имаше лош втор дел на сезоната и сеуште не бил подобар од второ место оваа година.

Тркање на Силверстон е нешто посебно за сите возачи бидејќи е одлична патека. Има многу брзи свиоци, Многу технички делови, посебно во првиот сектор од патеката.

Да бидам искрен мислам дека ги сакам старите делови со брзите свиоци. Има нешто посебно во тој склоп на брзи свиоци Маготс, Бекетс и Чапел. Сите возачи ужиаат во тој дел.

Оваа сезона е тешка за Фетел и Ферари кои не успеаа да дојдат до победа откако Шарл Леклер не успеа да се одбрани во Австрија, а Фетел поради казна ја загуби победата во Канада.

Победивме тука минатата година и мислам дека е место каде Ферари ја доби победата после долго време. Оваа патека има голема историја за Ферари.

Скудерија ја освои својата прва победа на Силверстон во 1951 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ