Фетел: Со мазни гуми можевме да победиме

Себастијан Фетел по долго време се врати на подиумот и верува дека доколку се направело доцна промена на мазни гуми за суво, Скудерија Ферари ќе имале шанса за победа во Турција, но сепак е среќен со подиумот.

Фетел дојде до првиот подиум оваа сезона на патеката во Истанбул откако го превзема 3то место од својот колега на две кривини пред крајот на трката.

Германецот стартуваше од 11та позиција и тоа поради казната за возачите на Мекларен, но во првиот круг дојде до 4то место и успеа да ја одржи речиси до самиот крај кога се прикраде на трето место.

Беше долга, напната и забавна трка. Имав добар прв круг и мислам дека дојдов до четврта позиција. Бев среќен со гумите за мокро и подоцна променивме на интермедиа кои беа потешки, но при крајот најдов добар ритам.

Во последниот круг беше доста напнато. Малку забава на крајот и успеав да дојдам до подиум. Мислам дека имавме трка за уживање во тешки услови – свесен е четирикратниот шампион.

Фетел имаше стратегија со две застанувања, но смета дека доколку променел на гуми за суво можел и до победа иако сепак се плашеле да не заврне при крајот.

20 кругови пред крајот размислував за мазни гуми за суво бидејќи патеката се сушеше и гумите беа истрошени и всушност беа како сликови. мислам дека никој не се осмели да го направи тоа бидејќи се очекуваше дожд на крајот. Доколку ги ставевме можеби и ќе победевме.

До третата позиција дојде на неколку кругови пред крајот по грешката на Леклер при обид да го престаса Перез откако младиот возач од Монако отиде на “се или ништо“.

Го видов Шарл како се приближува до Серхио, а веќе слушнав дека тој има проблеми со гумите. Веќе неколку кругови се очекуваше борбата. Кога се блокираше Шарл видов шанса за мене. Беше близу и до Серхио, но немав гуми за повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ